Тејлор Свифт со нов спот со милионски прегледи меѓу најгледаните на Јутјуб !

„Me!“ е насловена новата песна на Тејлор Свифт со Брендон Ури од Panic! аt the Disco, која излезе на 26 април и е дел од новиот албум на пејачката.

Спотот за песната на Јутјуб со над 108 милиони прегледи е најгледан во првите неколку дена од промовирањето, во женска конкуренција.

 

Свифт и Ури со „Ме!“ треба да ги отворат Билборд музичките награди на 1 мај.