Тамара и „Proud“ ќе ја претставуваат Македонија на Евровизија 2019 !

Во текот на овај месец беше откриено дека наша евровизиска претсавничка оваа година ќе биде Тамара Тодевска. Овие денови на јавноста и беше претставен и тимот што ќе застани зад евровизиската песна со наслов „Proud“.

Станува збор за едени од најдобрите композитори на македонската и регионалната музичка сцена – хитмејкерите Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски. Тројцата композитори веќе со години се потпишуваат на најголемите македонски хитови и евергрини, но имаат и доста богато евровизиско искуство.

Билбилов беше еден од авторите на евровизиските „Let Me Love You“, кога Македонија ја претставуваа Тамара, Врчак и Гаџа во 2008 година и „Autumn Leaves“ во 2015 година кога не претставуваше Даниел Кајмакоски. Покрај тоа, Билбилов е потпишан и на други хитови на Тамара, како што се „Готово е“, „Тажна љубов“, „Брод што тоне“, „Тешко без тебе“...
Тоа е доволен доказ дека станува збор за тандем од соништата што функционира на иста фреквенција, па беше сосема очекувано да биде дел и од оваа евровизиска приказна.

View this post on Instagram

@darkodimitrov making his magic 🎶🧠🎵

A post shared by Robert Bilbilov (@justrbproduction) on

Цветкоски, исто така е потпишан на неколку евровизиски песни, во 2013 и 2014. Негово дело се „Пред да се раздени“ на Есма и Лозано и „To the sky“ на Тијана. Цветкоски со Тамара има соработка на неколку нумери, меѓу кои најпозната е дуетот со ДНК – „Фрази љубовни“, кој беше апсолутен радиски хит за 2015 година.

Најбогато евровизиско искуство од авторите има Дарко Димитриов. Неговиот потпис стои и на нашите песни и на стандардната и на детската евровизија, вклучувајќи ја и минатогодишната импресивна балада „Дома“ на Марија Спасовска. Тој е композитор и продуцент  „Нинанајна“ на Елена Рисетвска, којоа во 2006 година го постигна нашиот највисок пласнам досега (12-то место во финалето). Димитров и Цветкоски работеше и на „Пред да се раздени“ (2013) и „To The Sky“ (2014), а ја аранжираше и продуцираше и минатогодишната „Lost And Found“ на „Ај Кју“ како и „Нова деца“ на српските претсавници Сања Илиќ и „Балканика“.

View this post on Instagram

Coming soon… #proud #teamtamara ❤️

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on

Како што веќе споменавме, евровизиската песна на Тамара го носи насловот „Proud“ (Горда), а во моментов се работи на продукциското оформување на финалната верзија која се очекува да биде претставена до крајот на месецов.

Каква и да е евровизиската песна, се надеваме дека истата ќе биде соодветно поставена на сцена, бидејќи, како што знаеме, најголемата забелешка за повеќето наши претставувања е токму сценскиот настап. За тоа зборуваше и самата Тамара во неодамнешно гостување во емисијата „Еден на еден, каде што нагласи дека и нејзе ѝ е важен тој аспект, а особено осветлувањето, заради кое што смета дека сме „редовно незабележани“.

Тамара во Тел Авив ќе се натпреварува во втората половина од втората полуфинална вечер на 16 мај, а се надеваме и во големото финале на 18 мај. Среќно!

 

Преземно од: http://www.radiomk.com