Мрежата на младински банки – Македонија е неформалнa мрежа на граѓански организации која има за цел да застапува создавање услови за што поголема младинска вработеност преку моделот на младински банки.

Мрежата е основана во декември 2017 од страна на ЦЕФЕ Битола, Младински совет Прилеп, Порака Нова од Струга, Младински сојуз – Крушево,предводени од Асоцијацијата за едукација МладиинфоИнтернационал кои и впрочем заседаваат со мрежата, притоа користејќи го знаењето и искуството на Мозаик Фондација од Босна и Херцеговина. Денес Мрежата на младински банки – Македонија брои 13 членови меѓу кои и новите осум членки: Мултикултура, Младите можат, Волонтерски Центар Скопје, Инова Лаб Битола, Здружение на граѓани Интеркултура, Здружение за мултикултурна интеграција – Инклузија, ЛАГ Агро Лидер, Платформа за зајакнување на младите – Гостивар.

Во месец април, мрежата на Младински банки ја издаде електронската верзија на Основната студија и препораки за Младинска вработеност во Република Северна Македонија.

„Постоечките податоци, мерки и активности за младинско вработување да се систематизираат, програмите што поттикнуваат вработеност да бидат ефективни, а наместо само обуки и работилници кои би требало да им помогнат на младите да се вработат, да се воведат иновативни модели кои ќе им овозможат на младите практично искуство од “прва рака”– се дел од заклучоците и препораките од Основната студија за младинска вработеност во Република Северна Македонија, која ја објавивме во рамки на проектот Мрежа на младински банки, а со поддршка на Civic Engagement Project-North Macedonia.

На следниот линк можете да ја превземете целосната студија:

https://drive.google.com/file/d/1y9KaN9Xg9iBupZ7P3hbvGfQrVUhQJXIk/view?fbclid=IwAR1hL2e4NIW9eZxajadvqQyYgPnoQoSNJuyPrO3pxC8if-_4nsViJs3vNsA

May 2, 2019