Safety and Health
Безбедноста и здравјето при работа е едно од основните човекови права и права од работен однос, кое е од исклучително значење и за работниците и за работодавачите и за целокупната општествена заедница. Затоа постојано се укажува на потребата од доследно почитување на Законот за безбедност и здравје при работа и се апелира работниците да инсистираат на остварување на ова право, да бараат од работодавачите да ги информираат за сите можни последици по нивното здравје од несоодветните услови за работа, за ризиците на работното место, да бараат да се следи нивното здравје преку периодични и редовни медицински прегледи, да преговараат преку својот претставник за безбедност и здравје при работа, да соработуваат со трудовата инспекција итн.
Следете ја денешната емисија за Светскиот ден за безбедност и здравје при работа во 13:00 и 16:00 часот.
Радио Пулс е секогаш со Вас и за Вас.Safety and Health
April 28, 2021