„Роденденски подарок“ – прв македонски краткометражен филм за мултипла склероза

„Роденденски подарок“ е прв македонски краткометражен филм за мултипла склероза (МС), кој ја отсликува реалноста и здравствените и социјалните предизвици со кои се соочуваат овие лица во општеството.

„Роденденски подарок“ – прв краткометражен филм за мултипла склероза

Погледнете и споделете го првиот краткометражен филм „Роденденски подарок“ за мултипла склероза (МС). Во него е отсликана реалноста и здравствените и социјалните предизвици со кои се соочуваат овие лица во општеството. Филмот има прекрасен расплет каде секој може да ја почувствува суровата реалност, гордоста и победата. МС е една од најчестите невролошки нарушувања и причини за инвалидитет кај младите возрасни лица.Посветено работиме на унапредување на грижата за пациентите со мултипла склероза. Наместо 9, од оваа година 43 пациенти ја примаат иновативната терапија Ocrelizumab. Со примањето на иновативните лекови се контролира прогресијата на болеста.Честитки за успешно реализираниот проект на Националното здружение за МС и Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Gepostet von Венко Филипче am Dienstag, 22. Oktober 2019

„Филмот има прекрасен расплет каде секој може да ја почувствува суровата реалност, гордоста и победата. МС е една од најчестите невролошки нарушувања и причини за инвалидитет кај младите возрасни лица“ – пишува министерот за здравство Венко Филипче.

За овој филмски проект заслужни се Националното здружение за МС и Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Режисери се Коста Марковски и Дејан Јованов, а актери се Јана Вељановска, Лазе Манасков и Ангела Николовска.