Живееме во општество во кое секојдневно се соочуваме со дискриминација по различни основи и во различни области.
Дискриминацијата е нешто против кое треба сите заедно да се бориме.
Прифаќањето на туѓите ставови, верувања и практики, е првиот чекор во искоренување на дискриминацијата и промоција на еднаквост и толеранција.
МСП им се заблагодарува на Директорката и стручната служба на С.О.У „Кузман Јосифоски-Питу“, за соработката при имплементација на проектот „Отпорни училишта за отпорна заедница“.
Проектот „Отпорни училишта за отпорна заедница“ го спроведува Youth Council Prilep -Младински Совет Прилеп , со поддршка на Forum MNE , финансиран од Европската Унија и Министерство за Јавна Администрација – Црна Гора.
May 18, 2021