На 22.03.2019 во СОУ Ѓорче Петров во Прилеп, во рамките на Светскиот ден за борба против расизмот Младински Совет Прилеп, Младинскиот Информативен и Советодавен Центар, ЕВС волонтерите и волонтерката од Peace Corps одржаa работилница на Тема: Дискрминација, предрасуди и стереотипи.

На работилницата учествуваа 28 ученици и претставници на здруженија на граѓани.

Во текот на работилницата учесниците дискутираа за формите на дискриминација, како да се спречи дискриминација, случаи на дискриминација со кои се соочиле, како младите се справуваат со дискриминација и сл.

Заедно со ЕВС волонтерите и волонтерката од Peace Corps учениците учеа преку игра и интересни активности, се дружеа и комуницираа.

Оваа активност, Младински Совет Прилеп ја спроведе во рамките на Неделата за елиминација на расизмот, во која МСП зема активно учество неколку години по ред.

April 1, 2019