Промоција на романот „Маалски прикаски (1+2) од Синиша Станковиќ

На 25.20.2019 год. со почеток во 12:00 часот во гратската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп ќе биде промовиран романот „Малски прикаски (1+2)“, дело на авторот Синиша Станковиќ.

Сите оние кои што со носталгија се сеќаваат на минатото, сите оние кои што сакаат да ги слушнат импресиите на обичните луѓе – главни актери во својот микро свет во едно друго време, можат да дојдат на промоцијата на романот, да се дружат со писателот, да го слушнат мотивот за неговата книга.

Извадоци од романот ќе чита актерот Андон Јованоски-Ашата, а за музичкиот избор ќе биде задолжен Боби Лашкоски.