Промоција на поетски роман “ЛИДИЈА – или се што знам за жените”

На 27.12.2018 година, со почеток во 19:00 часот во просториите на ЈОУ Градска библиотека “Борка Талески” – Прилеп ќе се одржи промоција на поетски роман од авторот Тихомир Јанчовски со наслов  “ЛИДИЈА – или се што знам за жените”.

Тихомир Јанчовски, поет, колумнист и преведувач. Роден е во 1967 година, во Скопје. Авторот предходно има објавено шест книги поезија: „Обични зборови“, „Два“,  „Последно време“,  „Осама“,  „О, ти“ и „Староста може а и не мора да се дочека“.

Промотори на настанот ќе бидат Игор Трпчески и Лидија Митоска Ѓеорѓиевска, а музичката интерпретација во дело на Методија Костоски и пријатели.