Промоција на алатката Workpetence

На 23.04.2019 година, во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во рамките на работилницата за кариерно насочување и кариерен развој, организирана од учениците од младинската организација при училиштето, Младински Совет Прилеп имаше промоција на алатката Workpetence.

На работилницата присуствуваа 16 ученици и професори од Прилеп, кои се тестираа и открија интересни податоци за нивниот кариерен развој и кариерно насочување.

Младински Совет Прилеп и понатаму ќе продолжи да спроведува работилници и настани за промоција на Workpetence, но и за активно вклучување на младите во заедницата.

Алатката Workpetence e дел од проектот: „Workpetence – Online Career Tool for Competence Balance for Youth Employment” кој Младински Совет Прилеп го спроведува со партнер организациите Алфа Албона од Хрватска и United Societies of Balkans од Грција. Проектот е финансиран од Национална геанција за Европски образовни програми и мобилност, преку Еразмус+ програмата, Клучна Акција 2.