На нашето општество потребна му е засилена колективна акција за идентификација на сите фактори кои водат кон радикализација и имаат екстремистички и терористички потенцијал.
Заштитата на Законот за еднаков третман, се однесува на сите луѓе, без оглед на нивниот статус и припадност.
МСП заедно со учениците од С.О.У „Орде Чопела“ учеа што е тоа недискриминација и толеранција и што значи еднаквоста помеѓу децата, уште од намјала возраст.
Младински Совет Прилеп им се заблагодарува на Директорката и стручната служба на С.О.У „Орде Чопела“, за соработката при имплементација на проектот „Отпорни училишта за отпорна заедница“.
Проектот „Отпорни училишта за отпорна заедница“ го спроведува Youth Council Prilep -Младински Совет Прилеп, со поддршка на Forum MNE, финансиран од Европската Унија и Министерство за Јавна Администрација – Црна Гора.
May 21, 2021