Струга хотел Бисер

На 26.05.2021г во хотел „Бисер“ – Струга, во рамките на проектот „Отпорни училишта за отпорна заедница“ започна ТОТ обуката за препознавање и справување на/со насилен екстремизам во училиштата.

Обуката се спроведува со стручната служба на 5 училишта од општина Прилеп, а истата ќе трае 3 дена.
Целта на обуката е учесниците да се стекнат со соодветни знаења и вештини за рана детекција, препознавање (pull и push
фактори) и справување со насилниот екстремизам (интерни протоколи за упатување).
Младински Совет Прилеп им се заблагодарува на сите учесници за нивната посветеност, мотивираност и ангажираност, а посебна благодарност испраќа до обучувачите на обуката Ана и Иван.
Проектот „Отпорни училишта за отпорна заедница“ го спроведува Youth Council Prilep -Младински Совет Прилеп, со поддршка на Forum MNE, финансиран од Европската Унија и Министерство за Јавна Администрација – Црна Гора.
May 31, 2021