Приказната за ВАРДАР која ќе се раскажува со години !!!

Вардар е шампион на Европа по втор пат во три години!!!

Приказна која ќе се раскажува со гордост после многу години. Тимот кој сите го отпишаа, тимот која сезоната ја помина со многу предизвици, ја победи супермоќната Барселона, а против Унгарски Веспрем изигра самоуверено како се да им е рамно. ТОА Е ВАРДАР, тимот кој веруваше во својата победа !!!

Синоќа во Скопје на шампионите им приредија прослава која доликува на шампиони !

Скопје и граѓаните приредија незаборавен дочек за играчите на Вардар синоќа кои втор пат станаа прваци на Европа. Гордоста на Македонија е во распад, играчите со месеци не земале плата, газдата е во фаза на заминување а со него и неколку стожерни играчи.

 

Никој не очекуваше дека таков Вардар може воопшто да биде меѓу најдобрите четири, а тие отидоа до крај и седнаа на кровот на Европа.

 

Ви благодарам на сите. Ова е победа за вас, за сите нас. Еден живот, една љубов“ – порачаа Чупиќ и Шишкарев од бината веднаш по доаѓањето во центарот на Скопје каде ги дочека насобраната толпа.

„Ова е Божја награда за сите маки кои ги поминавме оваа сезона. Јасно е, среќни сме, отидовме на фајнл фор и игравме без притисок. Само сакавме да ги усреќиме навивачите кои сега ни организираа феноменален дочек. Атмосферата во екипата, врската која ја имаме со навивачите, тоа се работи кои не се опишуваат со зборови“-кажа пак Игор Караџиќ.

Ситуацијата од една интересна перспектива ја искоментира левото крило на Вардар, Владо Недановски.„Ова е чудесно, неверјатно е чувството да се биде член од екипата која испишува историја. Им благодарам на соиграчите кои ми донеса два европски наслови за кои не дадов никако допринос. Се надевам дека Вардар ќе биде тука уште долго за да ги радува своите навивачи“-рече Недановски.

Еден од најаслужените за овој резултат, Тимур Дибиров, ја истакна хомогеноста на момчињата како клуч за успехот.

„Ние сме екипа која има 18 капетани. Не бевме во сјајна ситуација по првото полувреме со Барселона, но успеавме да направиме пресврт. Рековме дека попрво ќе умреме отколку да изгубиме. И видовте што се случи“ – јасен беше Дибиров.