Во понеделникот (26.05.2014) во просториите на Pulse радио се сними и првото интервју за реализацијата на првата емисија од шоуто What’s up Prilep кое ќе можите да го слушните на почетокот од јуни на Pulse радио.

Интервјуто беше со Александар Котески лидер на клубот на млади при општинската организација на Црвен крст Прилеп. Александар зборуваше за неговото искуство во волонтерските води, неговите активности во различни организации, најмногу за неговата сегашна улога како лидер на клубот на млади волонтери во Црвен крст. Сите млади кои сакаат да се активираат преку ова интервју ќе можат да разберат кои услови треба да ги исполнуваат за да станат дел од Црвениот крст.

Датумот на емитување на првата емисија What’s up Prilep ќе биде дополнително објавен.

 

February 27, 2014