Поетска вечер ,,Во звукот на виното и љубовта”

На 19.02.2019 (вторник) во Фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп со почеток од 20:00 часот, Лео Клуб –  Прилеп ве повикува да присуствувате на хуманитарна поетска вечер која ќе биде исполнета со топла поезија и музика.

За нашиот празник Св. Трифун, опиени од малку вино и многу љубов, подмладокот на Lions, ви нуди незаборавна вечер, поткрепена од млади, талентирани деца кои уживаат во пишаниот говор и преку разни балади, милозвучно ни ја пренесуваат својата млада, невина љубов и ги разнежнуваат нашите души.

Ве очекуваат во поголем број, заедно да се наздрави и прослави, да се шири хуманост и љубов, затоа што тоа е смислата на животот.