Подготвителни сесии за Македонски модел на Обединети Нации 2019

На 21.03.2019 година, во просториите на Младински Совет Прилеп се одржаа две сесии за подготвка за претстојниот Македонски модел на Обединети Нации 2019.

 

Клубот на Младински Совет Прилеп, претставен од Клуб координаторот и делегатите ќе бидат дел од 6 различни институции/комитети на ООН, а ќе застапуваат ставови на различни земји од светот. Во овие комитети ќе се дебатира на различни теми следејќи ги трендовите и актуелните проблеми низ светот.

Во текот на вчерашните сесии учевме за правилата на ММОН 2019 и правилата за водење на дебатите, како и поединечните улоги на делегатите во комитетите. Исто така, делегатите добија теми за кои треба да подготват Position papers, а на наредната сесија ќе можат да дискутираат за истите.

Оваа година, Клубот на Младински Совет Прилеп е составен од Клуб координатор, Клуб лидер и 9 делегати.

Официјалната конференција на ММОН 2019 ќе се одржи на 13 април на Европски Универзитет во Скопје.