Повик за 3 младински работници за обука во Србија!!!

Име на проектот? Mambo No 5

Каде? Ада Србија

Кога? 6-14 ноември

Број на учесници? 3

Држави учесници: Полска, Србија, Македонија, Литванија, Чешка,

Унгарија, Шпанија, Италија, Бугарија и Хрватска

Обука за истражување и практикување на едукација преку музика со посебен фокус на визуелни уметности и веб-дизајн како позитивни неформални образовни алатки за зајакнување, учество, интеркултурна комуникација и развивање на чувство за Европско граѓанство за маргинализирани млади.

 

Теми на обуката:
– Истражување на музиката како образовна алатка во рамките на локалните и европските младински активности со посебен фокус на ИТ технологијата како визуелни уметности и веб дизајн
– „И музиката е мојот авион“ – што претставува музиката во твојата младинска работа?
– Музика за зајакнување на вредностите кај маргинализираните млади луѓе – кој, што, кога, зошто, како? – поттикнување на самодоверба
– Музика за учество – мотивација, вклученост, вештини за комуникација, одговорност, вештини за управување и др;
– Музика за интеркултурна размена – двосмисленост, културен идентитет, интеркултурна комуникација;
– Музика за Европа – визуелни уметности и веб дизајн како алатки за развој на европско граѓанство: активно учество во локалната заедница и чувство да се биде европски граѓанин.

 

Главната цел на обуката е да ги обучи младинските работници и младинските лидери да ги истражуваат и прилагодат креативните и иновативни неформални едукативни методи и алатки за образование преку музика и да ги имплементираат во нивните локални активности за млади, посебно за маргинализираните млади со кои работат секојдневно. Посебен фокус ќе биде ставен на визуелните уметности и веб-дизајнот кои можат да бидат одлична алатка за зајакнување на маргинализираните млади луѓе, да ги мотивира и вклучи нив во локални и европски младински работни активности и преку нив да се зголеми нивната инклузија во заедницата, да се зајакне нивниот културен идентитет и да се направат способни за интеркултурна комуникација за да можат да бидат активни членови на нивните општества и да се чувствуваат како дел од Европската унија.

 

Начин на аплицирање: 

Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават со пополнување на апликација за која можете да ја контактирате maja@ycp.org.mk

Трошоци:

Обуката ќе се спроведува во рамките на програмата Еразмус +:
– Сместувањето и храната ќе бидат целосно покриени од страна на организаторот.
– Здравственото осигурување е задолжително и треба да го организира и покрие секој учесник.
– Патните трошоци ќе бидат надоместени според правилата на Еразмус + најдоцна 2-3 месеци по завршување на обуката

Организаторите ќе им обезбедат сместување на учесниците (учесниците ќе делат соби со 2-4 кревети) три оброци дневно и 2 паузи за кафе. Ве молиме, не заборавајте дека обезбедената храна може да се разликува од храната што сте ја користеле во вашата земја и, дури и во случај на обезбедување храна за специјални групи, на пр. вегетаријанци, можеби нема да ги исполнува целосно вашите очекувања. Ве молиме известете не навремено за сите ваши специјални потреби во однос на храната и алергии.

 

Рок за пријавување: 10.10.2019 (четврток), до 16часот

За дополнителни информации контактирајте не на maja@ycp.org.mk