Повик за учесници од Македонија за тренинг курс „First Step“ во Унгарија

Повик за учесници од Македонија за тренинг курс „First Step“ во Унгарија.

Младински Совет Прилеп, како партнер во проектот „First Step“, објавува повик за 4 учесници од Македонија на тренинг курс кој ќе се одржи од 17 до 23 септември во Левелек, Унгарија.

Проектот има за цел развој на младинска политика и одговори на работата на младите во ситуации на исклучување, дискриминација и насилство што влијае на младите луѓе, особено кај мултикултурните обесправени населби. Проектот го промовира пристапот на младите до социјалните права како средство за нивно вклучување и учество во општеството.

Учесниците треба да се на возраст над 18 години и да имаат солидно познавање на англиски јазик.

Во продолжение го доставуваме инфопак за проектот и апликација за пријавување.

Заинтересираните да испратат потполнета апликациона форма на frosina@ycp.org.mk  со наслов „ апликација First Step“.

 

Info Pack_training on First Step1

Aplication form- First Step