ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ/ДЕЛЕГАТИ ЗА ММОН 2019

Почитувани,

Коалиција на младински организации СЕГА во Македонија ја спроведува програмата Македонски Модел на Обединети Нации (ММОН). Оваа програма има за цел да се зајакнат капацитетите на младите луѓе од Македонија за застапување, лобирање, дипломатија, решавање на конфликти, јавно говорење и пишување.

По успешно реализирани 7 Конференциии на Моделот на Обединети нации во Македонија, Коалиција на Младински организации СЕГА во соработка со волонтерите на Мировниот Корпус во Македонија започна со спроведување на активности и подготовки за следната 8-ма Конференција на ММОН 2019.

Младински Совет Прилеп е дел од проектот Модел на Обединети Нации Македонија и за таа цел објавува ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ/ДЕЛЕГАТИ ЗА ПРЕСТОЈНИОТ ММОН 2019!!

Модел на Обединети Нации (МОН) претставува академска симулација на Обединетите Нации од едукативен аспект каде што учесниците ќе се запознаат и едуцираат за тековните настани, теми за меѓународните односи, дипломатијата и агендата на Обединетите нации.

Текот на активностите во ММОН 2019 ќе се одвива на следниот начин:

  1. Пријавување и избор на учесници/делегати (јануари 2019)
  2. Селекција на учесници/делегати (до 15 јануари 2019)
  3. Подготвителни сесии (во периодот јануари-март по однос на: запознавање со Моделот на Обединети Нации, начинот на функционирање на ООН, институции и надлежности, градење на тимот за ММОН 2019, истражување за зададени теми (зголемување на вештините за истражување и примена на методи за истражување, презентирање на резултати од истражување), дебата на зададена тема (развивање на вештини за дебатирање), презентација и запознавање на делегатите со правилата за работа во институциите на ООН, креирање на позициски документи, јавно говорење (правила и вежби за стекнување на вештини за јавно говорење, пишување на резолуции, симулација на моделот во рамки на групата)
  4. Завршна конференција на ММОН 2019 во Скопје (крај на месец март)

Сите овие активности ќе бидат организирани и раководени од страна на Клуб координаторот со поддршка на Клуб лидерот. Во однос на сите планирани активности, делагатите ќе имаат потполна поддршка од Клуб координаторот и Клуб лидерот кои ќе ги водат низ сесиите, ќе им помагаат да учат, да истражуваат и да ги развиваат своите вештини.

Доколку зборуваш добро англиски јазик, те интересираат меѓународните односи и дипломатијата, би сакал да дискутираш за тековните светски настани и прашања, имаш желба да ги развиеш твоите преговарачки вештини и да се стекнеш со нови вештини за лобирање и застапување – Македонски Модел на Обединети Нации е вистинското место за тебе.

Доколку си заинтересиран да бидеш ДЕЛЕГАТ на ММОН 2019 испрати ни

твоја кратка биографија на contact@ycp.org.mk најдоцна до петок 11-ти Јануари 2019 година.

 

Во очекување сме на вашите пријави,

Тимот на Младински Совет Прилеп