Повик за ангажирање на АСИСТЕНТ НА ПРОЕКТ во Младински Совет Прилеп

Младински Совет Прилеп е одржлива водечка организација на локално и регионално ниво, сигурен партнер во креирањето и спроведувањето на младинската политика заедно со сите засегнати страни. Нашата работа како видлива и признаена организација се заснова на демократските вредности што им овозможуваат на младите да бидат креативни и активни граѓани.

Поради проширување на својот тим во својата канцеларија во Прилеп, Младински Совет Прилеп објавува:

Оглас за ангажирање на две лица за

АСИСТЕНТ НА ПРОЕКТ

Потребните квалификации и искуства за работната позиција Асистент  вклучуваат:

  • Завршено високо образование или студенти во завршна година на студии; (предност ќе имаат кандидати на факултети од општествените дејности);
  • Активно користење на MS Office;
  • Одлични комуникациски и презентерски вештини;
  • Искуство во организирање и спроведување на настани за млади (обуки, работилници, креативни работилници со деца, дискусии со млади) ќе се смета за предност;
  • Креативност во пристапот, иницијативност, способност за работа во тим;
  • Одлично познавање и употреба на англискиот јазик (говор и пишување);
  • Одговорно извршување на поставените задачи;
  • Дополнителни комјутерски вештини: хостирање и ажурирање на web страна, познавање и работа со Corel, Photoshop, Publisher, InDesign, Front Page и слични компјутерски програми ќе се сметаат за предност.

Ангажираното лице ќе се стекне со следните знаења и вештини:

  • Подобрување на комуникациски вештини
  • Подобрување на англискиот јазик (говорни и пишани вештини)
  • Подобрување на компјутерски вештини
  • Раководење со техничка опрема

Задачи и одговорности:

  • Координација на ЕВС волонтери:
  • Помош и поддршка во реализацијата на активностите на волонтерите;
  • Административна и техничка поддршка за време на престојот на волонтерите;
  • Подготовка на дневни извештаи и доставување до координаторот;
  • Поддршка во спроведување на активности на локално ниво
  • Прибирање на информации корисни за младите луѓе од општина Прилеп
  • Помош во пишување на месечни извештаи
  • Опционално (во зависност од способностите):
  • Дизајн на публикации, флаери и брошури
  • Администрирање на веб страни
  • Унапредување на примената на социјалните мрежи во информирање на младите.

 

Заинтересираните кандидати треба да достават:

– Кратка биографија CV (со фотографија);

– Мотивационо писмо;

– Потврда од факултет или копија од диплома за завршен факултет.

Целосната документација да се достави на е-маил:  contact@ycp.org.mk 

 Само селектираните кандидати кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани и повикани на интервју.