Отворен повик за лидери на GLOW & YMLP кампот 2019 !

YMCA Битола објави повик за персонал за работа во кампот и советници за обука.

Се бараат 68 паметни, квалификувани и високо мотивирани поединици од граѓанскиот сектор, неформалниот или формалниот образовен сектор GLOW/YMLP алумини кои ќе се придружат на тимот на YMLP во улога на:

  • 20 фасилатори – за поединци кои доаѓаат од граѓанскиот сектор или формалниот/неформалниот образовен сектор со искуство во настава во неформално образование;
  • 16 советници – за поединци кои работеле во GLOW и YMLP камповите како советицни во обука или на други лидерски позиции;
  • 16 поединци како персонал за поддршка – за поединците кои биле поранешни кампери или служеле на други лидерски позиции во камповите на GLOW или YMLP;
  • 16 советници за тренинг – за поединци кои биле кампери во GLOW и YMLP камповите;

Од сите заинтересирани кои ќе аплицираат за некоја од позициите се очекува да бидат ентузијасти, да демонстрираат професионализам, да бидат отворени за работа со младите и да дејстуваат како пример.

Она што ние го нудиме е извонредно искуство во кампот со одлична атмосфера, супер кул персонал и искуство на отворено во камперска атмосфера и вкусни сморс околу камперскиот оган, спиење во шатори со свеж воздух и небо полно со ѕвезди !

Пријавувањето трае до 24.01.2019

Повеќе информации можете да најдете на следниов линк.