Отворен повик за волонтери во ПУЛС Радио
Младински Совет Прилеп
Објавува повик за 2 волонтерски позиции во рамки на Пулс Радио
Задачи на волонтерите:
- Планирање и креирање на радио активности;
- Објавување на артикли поврзани со работата на радиото на веб страната и социјалните медиуми на истото;
- Соработка и комуникација со локални млади волонтери за потребите на програмското работење во радио Пулс;
- Поддршка во тековни програмски активности на МСП и Пулс Радио.
Што добиваат волонтерите?
Волонтерите ќе имаат можност да стекнат практично искуство во работа на програмски активности на проекти и работа во интернет радио. Ќе биде одржана и еднодневна обука за работата во радио Пулс.
Секој од волонтерите ќе има активности во текот на работната недела (понеделник до петок) во периодот 10 – 15 часот во времетраење од два месеци (Ноември – Декември 2020 година). Волонтерскиот ангажман за наведениот период е без надоместок со можност за понатамошно нивно ангажирање согласно вештините и компетенциите кои ќе ги докажат за време на волонтерскиот период.
Услови и критериуми за пријавување:
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Минимум завршено средно образование:
- Солидни компјутерски вештини (стандардни офис апликации и работа на интернет);
- Солидно познавање на Англиски јазик.
Начин на пријавување
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- Кратка биографија(на македонски или англиски јазик) со преглед на образованието, работното искуство и релевантните знаења и вештини, вклучително и нивото на познавање на стандардните офис апликации и интернет како и вештини поврзани со работа во радио;
- Мотивациско писмо
Документите треба да се достават на contact@ycp.org.mk не подоцна од 30 октомври 2020 година (петок). При пријавувањето, кандидатите во насловот на електронската порака треба да наведат: Волонтер во Младински Совет Прилеп и Пулс Радио.
Изборот ќе се изврши врз основа на доставените пријави, а дел од кандидатите ќе бидат повикани на разговор.
Пријавите доставени по крајниот рок нема да бидат земени предвид.