Оскарите доделни по 91-ви пат, „Зелена книга“ прогласен за најдобар филм !

Оскарот за најдонбар филм оваа година му припадна на остварувањето „Зелена книга“, а мексиканскиот режисер на филмот „Рома“, Алфонсо Куарон, дома однесе дури три познатели статуетки. Оливија Колман од филмот „Миленици“ е најдобра актерка, а во машка категорија тоа признание му припадна на Рами Малек за улогата на Фреди Меркјури во филмот „Боемска рапсодија“. 

“Го направивме овој филм за љубовта, нежноста и почитта. Целата приказна околу филмот е за љубовта“ – истакнале продуцентите на „Зелена книга“, Џим Берк, Чарлс Веслер, Брајан Кари, Питер Ферели и Ник Ваљелонга.

Остварувањето „Зелена книга“ може да се пофали и со најдобро оригинално сценарио, за кое се одговорни Ник Ваљелонга, Брајан Кари и Питер Фарели, а Оскарот за споредна улога во „Зелена книга“ го подигнал Махаршал Али.

Најдобра актерка Оливија Колман, најдобар актер Рами Малек.

За најдобра главна актерка прогласена е Оливија Колман за својата улога во филмот „Миленици“. „Се надевам дека моите деца го гледаат ова на ТВ, бидејќи ова нема да се случи повторно“, низ солзи се насмеала Англичанката.

Минатогодишните оскаровци за споредна улога Елисон Џени и Гари Олдман го прочитале името на најдобриот актер – Рами Малек за улогата на Фреди Меркјури во „Боемска рапсодија“.

„Можеби не бев очигледен избор, но изгледа дека не испадна толку лошо“, рекол Малек држејќи го Оскарот во раце.

Лејди Гага оскар за најдобра песна.

„Не е поентата во победувањето, туку во тоа да не се откажете. Не е важно колку пати ќе паднете, туку колку пати ќе станете“, истакнала Лејди Гага. Покрај оскарот за најдобра песна, Лејди Гага заедно со Бредли Купер ја освоија и оскаровската вечер со прекрасната изведба, за сега веќе со оскар закитената „Shallow“.

Лудвиг Горансон добил престижна награда за најдобра музика. 

Оскар за најдобро адаптирано сценарио добилe Чарли Вахтел, Дејвид Рабинович, Кевин Вилмот и Спајк Ли. Гај Натив и Џејми Реј Њуман освоиле оскар за најдобар краткометражен филм – „Кожа“.

За најдобри визуелни ефекти позлатената статуетка ја добиле Пол Ламберт, Тристан Мајлс и Џеј Ди Швалм во остварувањето „Првиот човек на Месечината“.

„Спајдермен: Нов свет“ е најдобриот долгометражен филм, додека Оскарот за најдобро кратко анимирано остварување завршил во рацете на Доме Ши и Беки Нејман за „Бао“. Рајка Зетабчи и Мелиса Бертон ги подогнале статуетките за најдобар краток документарец “Period. End of Sentence”.

 

Во продолжени ја имате целата листа на добитници од 91-то доделување на најпрестижните филмски награди: 

Best picture – Green Book

Best actress – Olivia Colman – The Favourite

Best actor – Rami Malek – Bohemian Rhapsody

Best supporting actress – Regina King – If Beale Street Could Talk

Best supporting actor – Mahershala Ali – Green Book

Best director – Alfonso Cuaron – Roma

Best original screenplay – Green Book – Nick Vallelonga, Brian Currie and Peter Farrelly

Best adapted screenplay – BlacKkKlansman – Charlie Wachtel, David Rabinowitz, Kevin Willmott and Spike Lee

Best animated feature – Spider-Man: Into the Spider-Verse

Best foreign language film – Roma – Mexico

Best documentary feature – Free Solo

Best original song – Shallow (A Star Is Born) – Lady Gaga, Mark Ronson, Anthony Rossomando and Andrew Wyatt

Best original score – Black Panther – Ludwig Goransson

Best production design – Black Panther – Hannah Beachler and Jay Hart

Best costume design – Black Panther – Ruth E Carter

Best cinematography – Roma – Alfonso Cuaron

Best visual effects – First Man – Paul Lambert, Ian Hunter, Tristan Myles and JD Schwalm

Best make-up and hairstyling – Vice – Greg Cannom, Kate Biscoe and Patricia DeHaney

Best sound editing – Bohemian Rhapsody – John Warhurst and Nina Hartstone

Best sound mixing – Bohemian Rhapsody – Paul Massey, Tim Cavagin and John Casali

Best film editing – Bohemian Rhapsody – John Ottman

Best animated short – Bao

Best documentary short – Period. End of Sentence

Best live action short – Skin