Објавени номинациите за Оскар 2019: „Roma“ и „The Favourite“ фаворити со по 10 номинации

Американската Академија за филмски уметности и науки ги соопшти номинациите за 91-то издание на најпрестижните филмски награди што ќе се одржи на 24 февруари. Кандидатите за „Оскар“ ќе се натпреваруваат во 24 категории. Најмногу номинации оваа година добија филмовите „Рома“ и „Фаворитот“ – секој од нив по десет, а Лејди Гага е првата ѕвезда која во иста година е номинирана за најдобра актерка и најдобра оригинална песна за филмот „Ѕвездата е родена“.


Најдобар анимиран филм:

  • „Неверојатните 2“
  • „Остров на кучињата“
  • „Мираи“
  • „Ралф го крши интернетот“
  • „Спајдермен: Во Спајдер-верзумот“

Најдобро адаптирано сценарио:

  • „Баладата за Бастер Скрагс“
  • „Црн член на Кју-клукс клан“
  • „Ќе ми простиш ли некогаш?“
  • „Ако улицата Бил можеше да зборува“
  • „Ѕвездата е родена“

Најдобро оригинално сценарио:

  • „First Reformed“
  • „Зелената книга“
  • „Рома“
  • „Фаворитот“
  • „Заменик“

Најдобар режисер:

  • Алфонсо Куарон, „Рома“
  • Павел Павликовски, „Студена војна“
  • Спајк Ли, „Црн член на Кју-клукс клан“
  • Адам Мекеј, „Заменик“
  • Јоргос Лантимос, „Фаворитот“

Останатите номинации можете да ги видите на следниов линк.