Обука за младински лидери од проектот C.O.D.E aBc

Од 4ти до 11ти мај 2019 година се одржа 7 дневна обука за младински лидери во Бад Бланкенбург и Ерфурт, Германија.

Целта на обуката беше младинските лидери од Македонија, Франција и Германија да се стекнат со вештини и знаења за интернационална младинска работа и заедно да планираат активности и програми кои ќе се спроведат во наредните младински размени во Франција и Германија 2019 година и Македонија 2020 година.

Младинските лидери имаа можност да подготват модул за работилница и да организираат работилница во училиште во Рудолфштат, каде со учениците спроведоа активности со цел запознавање на Европа и европските земји и со традициите, културите и јазиците во овие земји.

 

Оваа обука е дел од проектот C.O.D.E aBc , долгорочен проект (2019/2020) во кој се вклучени Коалиција на младински организации СЕГА, Landesjugendwerk der AWO Thüringen Германија и Maison Pour Tous Leo Lagrange Франција. Младински Совет Прилеп, како дел од Коалиција на младински организации СЕГА, учествуваше со еден претставник.

 

Во проектот Courage to Open Doors of Europe C.O.D.E aBc се вклучени млади од 14 до 18 години и младински лидери до 30 години , кои преку младински размени ќе се запознаат со млади од други држави, нивните култури, традиции и јазик, ќе истражуваат нови места и заедно ќе работат на теми: Интеркултурно учење, Недискриминација, Интеркултурна комуникација, Предрасуди и стереотипи, Детски и човекови права и слично.

На младинската размена, младите ќе се стекнат и со вештини и знаења да организираат настани на локално, национално и меѓународно ниво.