Новиот трејлер за филмската верзија на „Кралот лав“ ќе ви побуди носталгија

Дизниевиот хит „Кралот лав“ доби филмска верзија, а новиот трејлер ќе им побуди носталгија на сите што растеле со популарниот цртан филм.

За новиот филм, Бијонсе го позајми својот глас за Нала, Доналд Гловер за Симба, Чуетел Еџиофор за Скар, Сет Роген за Пумба и Били Ејкнер за Тимон.