Нова премиера во театарот „Војдан Чернодрински“

Во народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп на 05.06.2019 год. (среда) во 20:00 часот ќе се одржи премиера на нова театарска претстава – „Семејни приказни“.

Станува збор за претстава, дело на Биљана Србљановиќ, која ќе ве врати назад во најубавите ’90-ти години.

Улогите ги толкуваат: Јасмина Мицовска Станкоска, Илија Волчески, Катерина Чакмакоска Клинческа и Димитар Црцороски. Драматург е Лидија Митоска – Ѓорѓивеска, режија – Милош Б. Андоновски.

За оние кои ќе ја пропуштат премиерата, репризата е на 06.06.2019 год. во 20:00 часот.

Резервации на влезници на 076/442-378.