Најголемите хитови на Тоше Проески

Тодор „Тоше“ Проески (25 јануари 1981 – 16 октомври 2007) е една од најголемите македонски и балкански ѕвезди на музичкото естрадно небо.

Музичката кариера ја започна со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победи изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998). Имаше блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започна по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година.  Во 2004 година беше прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.

Низ својот музички пат Тоше имаше многу хитови, а речиси и да немаше негова песна која не беше хит.

За жал, на 16.10.2007 година, прерано згасна животот на нашата најголема музичка легенда Тоше, но неговите хитови ќе ги пееме засекогаш.

Во продолжение, да се потсетиме на најголемите хитови на Тоше Проески.

  1. „Морска ѕвездо“

 

2. „1200 милји“

3. „Боже, чувај ја од зло“

4. „Среќна ли си ти“

 

5. „Рани на усните“

 

6. „Тајно моја“

 

7. „Излажи ме уште еднаш“

 

8. „Никој како тебе не бакнува“

 

9. „Слушаш ли“

 

10. „Синот божји“

 

11. „Немаш ни благодарам“

 

12. „Чија си“

 

13. „Руски рулет“

 

14. „Ех, да сум злато“

 

15. „Игри без граници“

 

16. „Цреша“

 

17. „Усни на усни“

 

18. „Твоите бакнежи на моите бели кошули“

 

19. „Има ли ден за нас“

 

20. „По тебе“

 

21. „Некаде во ноќта“