Младински Совет Прилеп е во потрага по еден волонтер за долорочен ЕВС проект во Латвија !

Младински Совет Прилеп е во потрага по еден волонтер за долгорочен ЕВС проект „Be Ambassadors of Your Cultures“ во Латвија.

Учесниците на проектот ќе учествуват во различни активности од општествено-културно карактер, а ќе имаат и шанса да организираат и спроведуваат активности преку кои ќе ја претставуваат земјата од каде што доаѓаат.

Домаќин организацијата, „Culture House of National Societies of Rezekne“ е основана во април 2004 година со цел да ги зачува, интегрира и развива различните култури на сите националности кои што живеат во Резекне, притоа промовирајќи консолидација на заедницата, како и запознавање на заедницата со карактеристики и вредностите на национални култури.

Подетални информации за проектот можете да добието од следниот инфопак: info BE AMBASSADORS OF YOUR CULTURE

Заинтересираните за повеќе информации да се обратат на следната маил адреса: maja@ycp.org.mk