Младинска размена – “WELCOME TO THE HUB – entrepreneurship and business opportunities in small urban areas”

Од 7 до 16 мај 2019 во организација на Oden Nehoiu од Романија ќе се одржи младинска размена под наслов “WELCOME TO THE HUB – entrepreneurship and business opportunities in small urban areas”. 

Станува збор за младинска размена која ќе се одржи во Сарата Монтеору, Романија. На размената предвидено е учество од 43 учесници, од кои предвидено е учество на 19 млади лица со помали можности. Учесниците ќе бидат од следниве земји: Македонија, Грција, Романија, Италија, Шпанија, Литванија, Латвија и Чешка.

Актуелна е темата дека невработеноста на младите во малите урбани средни расте, а младите немаат доволно простор за пристапување на пазарот на трудот или за иницирање на сопствен приватен бизнис.

Целта на размената е зголемување на можноста на вработување на европските млади на возраст од 18-25 години преку развивање на клучни компетенции потребни за пристап на пазарот на трудот.

Критериуми за учество:

  • 4 млади лица (од 18 до 25 години) – 2 машки и 2 женски, од кои најмлаце 2 лица треба да бидат невработени;
  • 1 лидер на групата – возрасно лице со способност за мониторинг на активностите и поддршка на младите во процесот на учење;
  • Англиски јазик – задоволително ниво (официјален јазик на размената ќе биде англиски);
  • Млади лица треба да бидат: мотивирани и заинтересирани за темата на размената; инволвирани во сите активности за проектот, почнувајќи од подготовката; достапни за користење и примена на конечните резултати во заедницата после завршувањето на проектот; да покажат почит и желба за тимска работа.

Целите на проектот се следниве:

  1. Нудење на заеднички простор на 43 млади луѓе од 8 европски земји за заеднички активности преку кои ќе се зголеми свесноста за важноста на претприемачкото образование при започнувањето на бизнис во малите урбаните средини;
  2. Развој на претприемачки вештини и зголемување на потенцијалот кај 35 млади луѓе и 8 лидери на групите од 8 различни европски земји, со цел нивна примена во следните 10 месеци за започнување на бизнис во младите урбани средни;
  3. Стимулирање на интересот за претприемачка иницијатива на младите учесници преку развивање на “бизнис центри“ и креирање, промовирање и ширење на 7 бизнис планови применливи во малите урбани средни;
  4. Промоција на креативните алаки на претприемачкото образование на младите луѓе од 8 мали урабани заедници, со цел да се зголеми атрактивноста кај младите луѓе за бизнис иницијативни до 1 март, 2020 година.

Сместување:

  • Едно неделно сместување во пансион „Casa cu Tei“ во двособни и трособни соби со сопствено купатило;
  • Последните две ноќевање се во блзжизина на Бузау, Хотел “Sport B90”, во двособни и трособни соби со сопствено купатило;
  • Храната ќе се сервира во ресторанот на хотелот и пансионот и ќе бидат обезбедни 3 оброци дневно и неколку паузи за кафе (до колку имате некои посебни потреби во врска со храната морате да назначете пред почетокот на размената).

Сите заинтересирани учесници да се пријават преку пополнување на следниот формулар: REGISTRATION FORM HUB и истиот да го испратата на frosina@ycp.org.mk, најкасно до 25.02.2019 година.

Во прилог ви го доставуваме Info Pack од проектот:  INFO PACK HUB (2)