„Медена земја“ во Прилеп

„Медена земја“ во вторник (22.10.2019) во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Кога еден ќе го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената. Последната пчеларка во Европа се соочува со сериозен предизвик кога треба да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа. Во „Медената земја“ пристигнуваат пчелари номади кои го прекршуваат основното правило: земи половина од медот, а другата половина остави им ја на пчелите.
Honeyland, во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, е најнаградуваниот македонски документарен филм, кој на почетокот на 2019-та се закити со 3 главни награди на престижниот фестивал Sundance.

Резервираните билити се подигнуваат од 9:00 до 11:00 и попладне од 18:00 до 19:00 од билетарницата на ЦК „Марко Цепенков“.