Малата сирена – музичко/сценски спектакл за деца и млади

 

Театар „Чин 4 Сцена 5“ во соработка со „Кире Миладиноски dance studio Zodijak“ на 19.05.2019 год. (недела) со почеток во 12:00 часот во Н.У.Ц.К.„Марко Цепенков„ Прилеп ќе се претставаат со нова претстава за најмладите – „Малата сирена“.

Претставата е според истоимената бајка на Ханс Кристијан Андресен и истоимениот Дизниев цртан филм. Станува збор за една голема и вистинска љубов, за патот на израстувањето и созревањето, морските длабочини и светот во нив, како и за малата сирена Ариел.

 

Претставата е во режијата, како и драматизацијата, адаптацијата, сценографијата и сонговите се на Кире Миладиниски, текстот е на Џон Маска и Рон Климент, а преводот Благојче Николоски. Музиката е на Алан Менкен и Томе Темелкоски.

Гласовите ги позајмија: Марија Костоска, Саша Нацевски, Томе Темелкоски, Лилјана Јованоска, Кире Миладиноски и Благојче Николоски

Играат: Марија Костоска, Лилјана Јованоска, Ивана Стеваноска, Деспина Башеска, Евгенија Кузманоска, Дамјан Трајкоски, Благојче Николоски и Марија Стеваноска

 

 

Повеќе информации на следниов линк.