Концерт на „Хуверфоник“

Белгискиот трип-хоп бенд „Хуверфоник“  ќе одржи два концерти во рамките на нивната балканска турнеја. Концертите ќе се одржат на 29 и 30 март во организација на  “Aвалон продукција”. Концерите ќе се одржат во салата на Македонска филхармонија, Скопје.

Според изјавите на организаторите, заинтересираноста кај домашната, но и кај публиката од регионот е огромен, првиот концерт бил експресно распораден, а се очекува заинтересираноста и за вториот концерт да биде иста.

„Исклучиво на Ваше барање, после неверојатно брзо распродадениот концерт на ’Хуверфоник’ во Скопје, ’Авалон продукција’ ја пренасочи балканската рута, па наместо концерт во Софија на 30 март, бендот ќе одржи втор концерт во Скопје на истиот датум, во салата на Македонската филхармонија“, велат од продукцијата, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба денес, во 9 часот наутро, преку продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија и онлајн на  avalon.mk.

„Најискрено Ве замолуваме да ги набавите Вашите влезници веднаш, затоа што интересот кој владее во државата и регионот за овој бенд е реално поголем од капацитетите на салите коишто ги работиме“, порачаа организаторите.

HOOVERPHONIC

ДОБРА ВЕСТ: ВТОР КОНЦЕРТ НА HOOVERPHONIC ВО СКОПЈЕ!Исклучиво на Ваше барање, после неверојатно брзо распродадениот концерт на Hooverphonic во Скопје, Авалон Продукција ја пренасочи балканската рута, па наместо концерт во Софија на 30-ти март, бендот ќе одржи втор концерт во Скопје на истиот датум, во салата на Македонската филхармонија!Влезниците ќе бидат пуштени во продажба утре во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk.Најискрено Ве замолуваме да ги набавите Вашите влезници веднаш, затоа што интересот кој владее во државата и регионот за овој бенд е реално поголем од капацитетите на салите коишто ги работиме. Во продолжение, погледнете го извонредниот тизер за европската турнеја- HOOVERPHONIC live 2019!Авалон Продукција

Posted by Avalon Produkcija on Thursday, 17 January 2019

 

„Хуверфоник“ e белгиски бенд основан во 1995 година кој има позади себе осум студиски албуми, како и неколку компилациски изданија. Кон средината на ноември минатата година, бендот го објави албумот „Looking for stars“ кој содржи единаесет нумери на кои бендот експериментира со повеќе музички жанрови, но сепак останува верен на трип хопот чија основа преовладува во целиот носач на звук, а исто така наиде и на одлични критики кај музичките рецензенти.