Коалиција на младински организации СЕГА објавува повик за учество на Летен Камп во Детското село Песталоци во Троген, Швајцарија

Коалиција СЕГА во рамки на проектот “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Р. Македонија” организира Летен Камп во детското село Песталоци, кој е дел од посебна програма преку која учесниците ќе се здобијат со знаења и вештини поврзани со темите за детски права, принципите за интеркултурен дијалог и комуникација, анти-дискриминација, меѓусебно разбирање, почитување и толеранција помеѓу различните култури.

Летниот Камп ќе се спроведе во периодот 07.07.2019 – 20.07.2019 година (исклучувајќи ги деновите за патување).

Датум на поаѓање: 06.07.2019

Датум на враќање: 21.07.2019

По завршувањето на Летниот Камп, учесниците имаат одговорност да се вклучат во имплементирање и спроведување на работилници и активности кои ќе ги креираат за време на кампот.

Финансиско учество на учесниците за Летниот Камп е 9.400,00 МКД.

Критериуми за учество:

Деца/млади родени 2002/2003 година од Прилеп

Валидна патна исправа со важност не порано од 21.01.2019 година

Учесници на активности од Инфо СЕГА ќе имаат предност

Заинтересираните кандидати треба да се пријават со пополнување на Пријава за учество не подоцна од 10.06.2019 година.

За дополнителни информации поврзани со овој повик, контактирајте не на aplikacija@sega.org.mk