Итен повик за 1 ЕВС волонтер во Бурса, Турција!

Име на проектот: Empowerment of Youth Participation

Организација – домаќин: Gonullu Hareketi Dernegi

Кога: ноември 2018 – јуни 2019

Каде: Бурса, Турција

Број на волонтери: 1

Активности за време на проектот:

Сите активности ќе се одвиваат во организацијата, а некои од нив можат да бидат флексибилни и променливи, во зависност од времето, потребите и волјата на волонтерот.

Задачи на волонтерот:

  • Да учествува во тековните активности на организацијата и во подготовката на работилници, состаноци, семинари и сл.
  • Да биде самоиницијативен и да биде дел од активностите на клубот,
  • Да биде активен на веб страната org како блогер и да креира информативни материјали,
  • Да прави истражувања и да им помага на вработените во организацијата околу активностите поврзани со младинското информирање генерално,
  • Да организира месечни волонтерски настани,
  • Да подготвува визуелна документација и да ги архивира неговите проектни активности,
  • Да земе активно учество на on-arrival и другите обуки.

Добредојдени се и други идеи на волонтерот за подготовка и одржување на различни настани и реализација не негови лични идеи и работилници.

Сместување, храна, патни трошоци

Волонтерот ќе биде сместен во куќа, заедно со други ЕВС волонтери. Ќе има посебна спална соба, а кујната, дневната и бањата ќе бидат заеднички. За волонтерот ќе биде обезбеден и градски превоз доколку има потреба од тоа. Волонтерот може да оди во канцеларија пешки или со велосипед, бидејќи канцеларијата на организацијата е многу блиску до домот на волонтерите.

Обуки за време на проектот

На волонтерите ќе им биде обезбедена јазична поддршка, односно часови по Турски јазик. Волонтерите ќе имаат можност да присуствуваат и на on-arrival и mid-term обуки кои ќе ги организира Турската национална агенција.

Волонтерот ќе има и ментор, кој ќе му обезбеди поддршка за време на волонтирањето.

Профил на волонтер:

  • Возраст од 18 – 26 години
  • Основно познавање на англиски јазик
  • Волонтерско искуство
  • Основно познавање на програми за дизајн (photoshop, videomaker…)
  • Мотивација за работа со млади
  • Тимска работа
  • Мотивација за работа во следниве области: уметност, спорт, рачни изработки, јазици и сл.

Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат

со испраќање на CV и мотивационо писмо

на следната е-маил адреса: contact@ycp.org.mk

со назнака за: Aplikacija EVS – Empowerment of Youth Participation

најдоцна до 05.11.2018.