Мрежата на младински банки – Македонија е неформалнa мрежа на граѓански организации која има за цел да застапува создавање услови за што поголема младинска вработеност преку моделот на младински банки.

Мрежата е основана во декември 2017 од страна на ЦЕФЕ Битола, Младински совет Прилеп, Порака Нова од Струга, Младински сојуз – Крушево, предводени од Асоцијацијата за едукација Младиинфо Интернационал кои и впрочем заседаваат со мрежата, притоа користејќи го знаењето и искуството на Мозаик Фондација од Босна и Херцеговина. Денес Мрежата на младински банки – Македонија брои 13 членови меѓу кои и новите осум членки: Мултикултура, Младите можат, Волонтерски Центар Скопје, Инова Лаб Битола, Здружение на граѓани Интеркултура, Здружение за мултикултурна интеграција – Инклузија, ЛАГ Агро Лидер, Платформа за зајакнување на младите – Гостивар.

Мрежата на младински банки делува во 4 региони во Македонија (Скопски, Полошки, Југозападен и Пелагонија), со цел да се воспостави новиот и иновативен модел во Македонија кој ќе треба да донесе клучни промени во младинското вработување. Преку овој модел, не само што младите ќе бидат тие кои ќе поднесат иницијативи за нивната заедница, туку и тие ќе располагаат со средствата и токму младите ќе одлучуваат каков тип на проекти да се поддржат.

Младинските банки се фондови што ги водат млади луѓе за поддршка на проекти кои се иницирани и предводени од млади луѓе, а кои имаат за цел да го подобрат животот во заедниците.

  • Која е главната цел на моделот на младински банки?

Младинските банки имаат за цел младите да останат во нашата земја, да добијат услови за вработување младинското учество и подобра иднина!

Со помош на овој модел на младинските банки, младите ќе бидат ставени во центарот: тие не само што ќе стекнат вештини за вработување и важно животно искуство, туку и сами ќе имаат моќ да одлучуваат!

Младинските банки се наменети за сите млади луѓе организирани како неформална група на млади луѓе или младински инцијативи и здруженија, кои имаат идеја, предлог проект преку кој сакаат да се подобри живтот во нивната локална заедница!

Преку моделот младински банки сакаме да добиеме:

  • Модел кој е од младите за младите
  • Млади подготвени за вработување
  • Охрабрени и активни млади
  • Млади кои се грижат за заедницата
  • Одговорни локални власти

Како работат младинските банки?

  • Создавање фондови: со средства од општините, бизнис заедницата и мрежата на младински банки (преку донатори)
  • Создавање младински одбори
  • Апликација: јавен повик, таргет неформални групи млади
  • Селекција: младите во младинскиот одбор одлучуваат кој проект да добие поддршка
  • Промоција: потпишување договори со неформалните групи во општините
  • Мониторинг и евалуација

Какви вештини може да добијат младите преку младинските банки?

  • Вештини за вработување: препознавање проблем, пристап кон барање решенија, пишување проект, градење партнерства, работа на буџети, создавање и следење процеси, комуникација со медиуми, прибирање фондови, претприемнички дух.
  • Животни вештини: работа во тим, емпатија, стекнување самодоверба, иницијативност, иновативност, процес на донесување одлуки, грижа за заедницата, личен раст и развој.

Кои придобивки ги нуди младинската банка за младите луѓе?

  • Промовирање и подобрување на младинското вработување, преку јакнење на нивните капацитети и вештини.
  • Исто така моделот на младински банки овозможува развој на младите и ги поттикнува да ги истакнат своите идеи, па и да се ангажираат во проектите за млади во околината во која што живеат.

Извор: http://mladinskibanki.mk/%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D1%81/

May 2, 2019