Заврши турнир во мал фудбал “Св.Никола“

По иницијатива на Локалниот спортски сојуз и Локалната самоуправа во Прилеп, во текот на овај месец традиоционално, се одржа турнирот во мал фудбал “Св. Никола”.

Под покровителство на Општина Прилеп и компанијата “Комфи Ангел”, како и други општествено одговорини компании, љубителите на фудбалот во Прилеп имаа можност да уживаат во интресни натпревари во мал фудбал.

На турнирот учество зазедоа 35 екипи во категоријата сениори, 11 екипи во категоријата ветерани и 19 екипи во категоријата пионери. Посетенаста на турнирот беше огромно, а салата беше мала да ги собере сите љубители на овај најпопуларен спорт во Прилеп.

Турнирот се одржуваше во периодот од 9 до 25 декември, натпреварите се играа во групна ваза со систем на елеминиација. Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 300.000 денари.

Во големото финале играа екипите на Марфил и Зоки- Лим, а турнирот го освои екипата на Марфил која славеше со резултат од 5-0. Третото место му припадна на тимот на Фенербахче.

На турнирот се одиграа и неколку ревијални натпревари, помеѓу навивачките групи Мајмуни и Маркови внуци, помеѓу ЖФК Прилеп и ЖФК Атлетико, а се одиграа и ревијални натрепвари помеѓу ветераните од ФК “Победа”, ФК “Пелистер”, ФК”Борец” и ФК ”Скопје”, на кои можеше да се видат и дел од поранешните репрезентативци на Македонија.

Турнирот беше масовно посетен, а полуфиналните и финалните натпревари ги следеа повеќе од 1500 гледачи, што е доказ дека овај настан од година во година е се помасовен. Ова го потврдува епитот на Прилеп – најфудбалски град. Средствата собрани од продадените карти ќе бидат донирани за децата со ретки болести, што му дава на овај настан и хуманитарен карактер.

Линк до официјалната фб-страна: https://www.facebook.com/turnirsvetinikola/

 

Веста е преземена од: www.blic.com.mk