ЕВС проект во Турција – потребни се 2 ЕВС волонтери!

Име на проектот: V – for Inclusion vol.2

Организација – домаќин: Gonullu Hareketi Dernegi

Кога: ноември 2018 – јануари 2020

Каде: Бурса, Турција

Број на волонтери: 2

Активности на волонтерот за време на проектот:

Сите активности ќе се одвиваат во организацијата, а некои од нив можат да бидат флексибилни и променливи, во зависност од времето, потребите и волјата на волонтерот.

Волонтерите треба да подготвуваат и одржуваат работилници и други активности за млади луѓе попречености и со потешкотии во учењето, лица со Даунов синдром, аутизам и сл.во училишта за специјална едукација и други центри за лица со попречености (институции и организации). Главните активности ќе се одвиваат во овие институции, а останатите активности се флексибилни и променливи во времето, во зависнот од потребите и желбите на волонтерите.

Исто така, од волонтерите се очекува да помагаат во секојдневното планирање и реализација на активностите во организацијата, учество во работилници, на состаноци и семинари, да поставуваат вести на веб страната evsinturkey.org како блогери и да поставуваат вести, да креираат информативни материјали, да учествуваат во локалните активности на организацијата, активно да учествуваат на on-arrival и mid-term обуките организирани од Турската национална агенција, и сл.

Добредојдени се и други идеи на волонтерот за подготовка и одржување на различни настани и реализација не негови лични идеи и работилници.

Сместување, храна, патни трошоци

Волонтерите ќе бидат сместени во куќа, заедно со други ЕВС волонтери. Ќе има посебна спална соба, а кујната, дневната и бањата ќе бидат заеднички. За волонтерите ќе биде обезбеден и градски превоз доколку има потреба од тоа. Волонтерите можат да одат во канцеларија пешки или со велосипед, бидејќи канцеларијата на организацијата е многу блиску до домот на волонтерите.

Обуки за време на проектот

На волонтерите ќе им биде обезбедена јазична поддршка, односно часови по Турски јазик. Волонтерите ќе имаат можност да присуствуваат и на on-arrival и mid-term обуки кои ќе ги организира Турската национална агенција.

Волонтерите ќе имаат и ментори, кои ќе му обезбедат поддршка за време на волонтирањето.

Профил на волонтер:

  • Возраст од 18 – 26 години
  • Да имаат искуство во волонтирање и работа со лица со попречености
  • Волонтерско искуство
  • Основно познавање на програми за дизајн (photoshop, videomaker…)
  • Мотивација за работа со млади
  • Тимска работа
  • Мотивација за работа во следниве области: уметност, спорт, рачни изработки, јазици и сл.

Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат

со испраќање на CV и мотивационо писмо

на следната е-маил адреса: contact@ycp.org.mk

со назнака за: Aplikacija EVS – V-for Inclusion vol. 2,

најдоцна до 05.11.2018.