„ДОЛГАТА НОЌ“ СО 7,8 МИЛИОНИ ПОСТОВИ Е НАЈТВИТУВАН ТВ-НАСТАН ДОСЕГА

Третата епизода од последната сезона на „Игра на тронови“, насловена „Долгата ноќ“, стана најпопуларен телевизиски настан во историјата на Твитер.

За оваа епизода се објавени над 7,8 милиони твитови, најмногу не само за оваа серија, туку и за која било друга ТВ-епизода.

Премиерата на осмата сезона, која се емитуваше на 14 април е на второ место, откако собра над пет милиони твитови.

Арја Старк и Кралот на ноќта, кои ги имаа централните улоги во одлучувачката битка која траеше 67 минути, се ликови за кои најмногу се твиташе вечерта.