Доделени престижните Греми награди

На 10.02.2019 во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес се случи 61-то доделување на престижните американски музички награди „Греми“, на кој беа доделени награди за најуспехните во музичката индустрија за годината која измина.

Оваа година наградите поминаа во знакот на жените, а за разлика од минатата година, когаа оваа церемонија беше на удар на жестоки критики, оваа година претставуваше вистинска позитивна промена. Водителот Џејмс Корден беше заменет со пејачката Алиша Кис, која пред камерите ги довеве Лади Гага, Жад Пинкет- Смит, Џенифер Лопез и поранешната прва дама на Америка, Мишел Обама.

Донал Гловер, на публиката познат по името Чајлдиш Гамбино, беше најголем победник на вечерта. Во неговите раце завршија дури четири греми награди, помеѓу кои и наградата запис на година и песна на годината за „This Is America“.

Лејди Гаги освои три златни грамофони и со тоа апсолутно доминираше во категориите посветени на поп музиката. Заедно со нејзиниот колега од филмот „A star is born“ победија во категориите најдобра поп изведба на дуо или група и најдобра песна напишана за филм, со песната „Shallow“. Покрај тоа, Лејди Гага победи и во категоријата најдобра соло изведба за песната „Joanne (Where Do You Think You’re Goin ?“.

Статуетката за најдобар албум отиде во рацете на Кејси Масгрејвс за албумот „Golden Hour“. Покрај тоа, Кејси минатата година доминираше и во сегментот на кантри музиката, за што освои и награда за најдобра соло кантри изведба и најдобар кантри албум. 

Дуа Липа го осви првиот златен грамафон во категоријата на најдобар нов артист, а нејзината соработка со Silk City – „Electricity” беше прогласена за најдобар денс запис.

Карди Би се запиша во историјата како прва жена која добила Греми награда во категоријата најдобар рап албум.

Листа со сите добитници на наградите можете да видете на следниов линк.