Дебата: EU Act

Коалицијата на младински организации СЕГА во рамките на проектот „WISE – While Innovating and Strengthening Europe“, на 22.02.2019 година (понеделник) со почеток во 19:00 часот, во Градската Библиотека „Борка Талески“ ќе одржи ДЕБАТА на темата „ЕУ проектите имаат позитивно влијание врз личниот развој на младите“.

 

Во текот на дебатата ќе се дискутира околу следните прашања:

– предизвици и можности и свест за Европските можности?

– индивидуална одговорност за придвижување на позитивни промени?

– препораки за активности на локално, национално и Европско ниво?

 

На дебатата се очекува да присуствуваат учениците од средните училишта во Прилеп, како и претставници на граѓански организации и Општина Прилеп.