„Господ постои, името ѝ е Петрунија“

На 13 и 14 април (сабота и недела) во големата сала на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се прикажува македонскиот филм „Господ посоти, името ѝ е Петрунија„.

Филмот е дело на Теона Стругар Митевска и истиот се закити со две награди „Ecumenical“ и „Guild Film Prize“на престижниот Берлински филмски фестивал.

Станува збор за драма која се случува во Штип, после фрлањето на дрвениот крст за празникот Богојавление, во водите на реката и борбата на стотина мажи за да стигнаат до него. Но, овај пат, се случува нешто ретко и невообичаено, нетрадиционално. Жена стигнува прва до „светиот крст“.

За остатокот од прикажната, ви препорачуваме да го изгледате филмот и самите да пресудите дали реално заслужил толку награди.

Влез: 150 денари.

Влезници на билетарницата на НУЦК „Марко Цепенков“, секој работен ден од 10 до 18 часот.