Втора обука за јакнење на капацитетите на Мрежата на младински банки

Претставник од Младински совет Прилеп заедно со други младински организации и претставници на општини од Македонија заеднички учеа на втората обука за градење капацитети на Мрежата на Младински Банки на која дискутираа за стратешки вмрежувања и партнерства во моделот на младински банки, за основањето и улогата на одборот на МБ, за процесот на создавање грантови, обезбедувањето средства, градењето на капацитети за создавање на фондови, годишниот буџет и моделот за обезбедување средства.

Моделот на младински банки предвидува создавање фондови за млади на ниво на општините кои ќе се полнат со средства од самите општини, донации и проекти, но и од бизнис заедницата, а ќе бидат исклучиво наменети за поддржување локални иницијативи од млади. Младите во рамки на овој модел не само што аплицираат со проектни идеи, како неформални групи, туку и процесот на одлучување кои идеи ќе се поддржат е оставен исто на младите. На овој начин младите се стекнуваат со автономија, право на одлучување, претприемачки вештини и вештини за вработување, но и со можност за работа во тим и препознавање на локални проблеми.
Моделот на младински банки во земјава го воведува Мрежата на младински банки Македонија, проект на Асоцијацијата за едукација Младиинфо Интернационал, а поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско учество. Моделот постои во 25 земји во светот, а зад Мрежата на младински банки стојат 13 релевантни младински организации од Македонија кои се залагаат за вработување на младите, нивно учество и активизам и подобар квалитет на живот.

На крајот на обуката, беа споделени пораки од учесниците што очекуваат од Моделот на младински банки во 2019 година?

На тренингот кој се одржа во хотел Амбасадор, Скопје, од 17 – 19 декември, присуствуваа претставници од општините Охрид, Струга, Новаци, Боговиње, Кисела Вода и Гази Баба, како и  претставници од членките на Мрежата на младински банки Македонија, Младиинфо Интернационал, ЦЕФЕ Македонија – Битола, Младински сојуз – Крушево, Порака Нова – Струга, Младински совет Прилеп, Мултикултура – Тетово, Младите можат – Скопје, Волонтерски ценар Скопје, Инова Лаб – Битола, Здружение на граѓани за културна соработка Интеркултура – Скопје, Здружение за мултикултурна интеграција – Инклузија – Охрид и Платфрома за зајакнување на младите – Гостивар.