Василичарски концерт „Диско треска“ во МОБ

Со изведба на најголемите диско хитови на Глорија Гејнор, Ренди Крафорд,  Дајана Рос, Бони М, БИ ЏИС и многу други кои ги обележаа 70 те години пулсираше годинашниот Василичарски концерт насловен „ДИСКО ТРЕСКА“.  За диригентката на концертот Бисера Чадловска Василичарскиот концерт е веќе традиција во МОБ, но начинот на кој се осмислува програмата е секогаш различен .

Се обидовме да ги одбереме најголемите хитови од тоа време. Јас добро се сеќавам бидејќи сум ги слушала како мала, моите родители ги слушаа овие песни и ме потсетуваат на моето детство. И некако ми се врати филмот наназад. И одлучив тие 24 композиции да бидат најголемите хитови од 70-те, вели диригентката Бисера Чадловска.

Големите хитови кои слушајќи ги и анилизирајќи ги сфатив дека имало голем натппревар меѓу музичките состави и пеачите, така што се предизвик бидејќи позади тебе стои огромна група музичари, сите професионални и дишат заедно со тебе и се надевам ќе дадеме еден добар концерт за публиката, вели Маја Саздановска.

Има многу прекрасни песни со оглед на тоа што е „ДИСКО ТРЕСКА“ сите знаеме колку енергија носат тие песни. Сите луѓе без оглед дали се оркестар, дали хорот, целата опера и балет се наши пријатели. Така што тука се чувствувам како дома многу пријатно, многу комотно, вели Александар Тарабунов.

Ваквите концерти кои се сосема поразлични во однос на годишниот репертоар на МОБ се секогаш интересни за публиката,можност на едно место  да се видат различни генерации кои подеднакво уживаат со солистите и оркестарот, додава Чадловска. Доказ за тоа се распродадените билети за двата концерта веднаш по Нова година.

 

 

Преземено од www.telma.mk