Ајде да зборуваме за

На 10.01.2019 година, во организација на граѓанското здружение “Јавен простор Прилеп ” во соработка со психолозите од Прилеп, во Кафе Чоше со почеток од 18:00 часот, ќе се одржи јавен настан по името “Ајде да зборуваме за”.

Идејата за одржување на еден ваков настан е поттикната од секојдневните активности, задачи и социјални настани кои што луѓето мораат да ги менаџираат, а особено во овај период од годината. Празниците знаат да предизвикаат емоционални и финасиски стресови, поврзани покрај другото и со недостатокот на време. Празниците се синоним за семејството, така што сите проблеми што еден човек ги има со своето семејство ќе дојдат во прв план за време на празниците. Ако има загуба, дисфункција, зависност, злоупотреба, исклучување, одвојување, отуѓување или развод ќе извршат влијание врз семејното фунционирање и тогаш постои веројатност дека ќе треба дополнително да наоѓаме начин за да се справиме со емоциите кои знаат да бидат како “бура што коси”.

Тагата е навистина лично чуство, а она што го прави едно лице тажно не може да влијае на друго лице. Затоа се тука психолозите од нашиот град, кои овај четврток ќе зборуваат на оваа тема – празничната депресија и како да се справиме со истата.