Анкета „Младите и Европските Вредности“

Коалиција СЕГА е носител на проектот „Младите и европските вредности“  кој е финансиски поддржан од Владата на РСМ преку Програмата за финасирање на програмски активности на здруженија и фондации.

Проектот има за цел да придонесе кон развиен и одржлив граѓански сектор кој адекватно ги адресира потребите на младите на Р. С. Македонија. Согласно на потребите на младинските граѓански организации проектот предвидува методологија која опфаќа два клучни сегменти во насока на Зајакнување на капацитетите на младинските организации во Р. С. Македонија за промоција на европските вредности во согласност со европските трендови и практики:

  1. Процес на јакнење на капацитетите на младинските организации во Македонија за промоција на европските вредности на младите
  2. Промоција на европските вредности меѓу младите на локално и национално ниво.

 

Во рамките на проектот, СEГА ќе спроведе онлај истражување – анкетата „Младите и европските вредности“ со цел да се испита мислењето на младите во однос на промовирањето, почитувањето и поттикнувањето на европските вредности во нашата држава, како земја кандидат за Членка на Европската Унија.

Преку учество во анкетата младите на возраст од 15 – 29 години ќе имаат можност да придонесат кон поттикнување на севкупната дебата на тема младите и европските вредности, и воедно, да го изразат своето мислење и да споделат искуства во однос на европските вредности: волонтерство, социјалната вклученост на младите, интеркултурниот и меѓурелигиски дијалог, основните права и заедничките вредности, критичкото размислување, медиумската писменост и иницијативноста.

Ги покануваме младите да учествуваат во истражувањето со пополнување на анкетата на следниов линк:  https://ec.europa.eu/eusurvey/runner/Youth-EUvalues

Воедно истакнуваме дека поддршката од граѓански организации ќе ни значи, и затоа ги покануваме да го споделат линкот од анкетата со своите млади членови, волонтери и корисници.

____________________________________________________________________________________________________________________

Survey “Youth and European Values Survey”

Coalition SEGA is leading the project “Youth and European Values” which is financially supported by the Government of the Republic of N. Macedonia through the Program for financing the program activities of associations and foundations.

The project aims to contribute to a developed and sustainable civil sector that adequately addresses the needs of young people in the Republic of North Macedonia. According to the needs of youth CSOs, the project provides a methodology that encompasses two key segments aimed at strengthening the capacity of youth organizations in our country to promote European values in line with European trends and practices:

  1. The process of strengthening the capacity of youth organizations in Macedonia to promote the European values of youth
  2. Promotion of European values among young people at local and national level.

As part of the project, SEGA will conduct an online survey – the Youth and European Values in order to examine young people’s opinion regarding the promotion, respect and promotion of European values in our country, as a candidate country for European Union.

By taking part in the survey, young people aged 15 – 29 will have the opportunity to contribute to stimulating an overall debate on youth and European values, as well as expressing their views and sharing experiences on European values: volunteering, social youth involvement, intercultural and inter-religious dialogue, fundamental rights and shared values, critical thinking, media literacy and initiative.

We invite young people to participate in the survey by filling out the survey at the following link: https://ec.europa.eu/eusurvey/runner/Youth-EUvalues

At the same time we emphasize that the support of the CSOs will mean us, and therefore we invite them to share the survey link with their young members, volunteers and beneficiaries.