Андре Риу во јуни во Македонија !!!

Современиот “крал на валцерот” како што го нарекуваат, или еден од најпопуларните интернационални музичари на денешницава, човекот кој го обединува светот преку својата музика – АНДРЕ РИУ !!!

На 06.06.2019 година, љубителите на музиката ќе имаат привилегија да уживаат во едно прекрасно музичко и сценско шоу, изведнено од  неверојатниот Андре Риу, во Арената “Борис Трајковски” во Скопје.

Концертот во Скопје е дел од неговата светска турнеја за 2019 година. Билетите за овој екслклузивен настан ќе бидат достапни во продажба од среда, 23-ти јануари од 10 часот на сите продажни места на МкТикетс и на www.andrerieu.com.

Музиката и особено валцерот се многу важен дел од мојот живот – вели Андре Риу.

Ако некое музичко дело го допре моето срце, ќе го допре и вашето срце исто така. Оваа прекрасна музика ми дозволува да внесам радост во животот и смеа во светот. Сѐ е дозволено на моите концерти: смеење, плачење, танцување, пеење. Емоциите се тајната на мојот успех – вели Риу.

Концертите на Андре Риу се огномет од емоции. На речиси 100 концерти годишно, Риу гарантира совршена забава со светски познатите, романтични и мелодии полни со душа како и со бројни изненадувања, хумор и првокласни интернационални солисти. Заедно со неговиот 60-член Јохан Штраус Оркестар, најголемиот приватен оркестар на светот, харизматичниот Холанѓанец речиси 30 години го обиколува светот.

Меѓу останатите земји, во рамки на ланската светска турнеја Андре Риу настапи и во С.А.Д, Канада, Аргентина и Австралија, како и во Велика Британија. Со цел да се организира патувачката рута и превозот на неговата огромна продукција помеѓу континентите, сите фантастични костуми, инструментите и сценската конструкција постојат во четири идентични поставки. Повеќе од 40 милиони продадени ЦД и ДВД изданија, 30 први места во топ-листите и 500 платинести награди се само дел од она што го прави Андре Риу вистински „маестро на публиката“, како што го нарекува „Њујорк Тајмс“. Неговите „ЈуТјуб“ видеа надминуваат далеку над милијарда прегледувања досега, а над 3.8 милиони фанови го следат Кралот на Валцерот на „Фејсбук“.

Во јули 2018-та Андре Риу ги одржа и неговите годишни open air концерти во неговиот роден град Мастрихт во Холандија. За прв пат, на 13-те вечери повеќе од 150.000 фанови од над 80 земји беа дел од спектакуларните концерти во Вријтхоф.