Формирана нова мрежа – Младински Банки на Македонија

Aand Voila! Горди сме што можеме да споделиме со вас дека успешно ја формиравме Мрежата на младински банки Македонија! Младиинфо заедно со ЦЕФЕ Македонија, РЦПЛИП-ПОРАКА НОВА, Младински Совет Прилеп –  и Младинска Алијанса, со поддршка на регионални провајдери на know-how фондацијата Мозаик, од Босна и Херцеговина, го донесоа концептот на иновативни младински банки Македонија! Процесот е поддржан од Проектот за граѓанско учество – Македонија.

Доколку сакате да дознаете повеќе за младинските банки? Проверете тука.  Доколку сте претставник на Граѓанска Организација, локален орган, државна институција или едноставно млад човек кој сака да дознае повеќе за оваа иницијатива? Не двоумете се да не контактирате! Ние сме желни и спремни да соработуваме со сите во Македонија за да го направиме најдоброто од ова патување кое започнува нова ера за младинскиот сектор во земјата. Проектот е финансиран и поддржан од Проектот за граѓанско учество – Македонија.