Младински Совет Прилеп со нов проект „Workpetence“

Младински Совет Прилеп започна со имплементација на проектот
“Workpetence – Online tool for Competence Balance for Youth Employment”.

Во партнерство со Alfa Albona од Хрватска и United Societies of Balkans од Грција, Младински Совет Прилеп ќе придонесе кон поголема одржливост преку практично мултиплицирање на иновативни дигитални алатки во секторот за младински работници како суштинска алатка за консултации и менторство за младите невработени лица во однос на нивната проценка на вработеноста и воедно ќе се обезбеди одговор на потребите на НЕЕТ групата на млади, од страна на различни организации и младински информативни организации низ цела Европа.

“Workpetence” ќе се фокусира на две теми:

  •  млади –  младинско учество, младинска работа и младинска политика 
  • прашања поврзани со пазарот на труд – водич за кариера/невработеност кај младите, создавајќи онлајн синергија помеѓу NEET групата млади луѓе и младински работници.

Главна цел на проектот е да се зголемат компетенциите на младинските работници за да им помогнат на младите луѓе при вработување, преку активности кои ќе вклучуваат: воспоставување на упатства на консултантска и менторска основа за онлајн кариерни насоки и обезбедување на онлајн дигитална алатка за поддршка на младински работници во полето на младинско вработување.

Во изминатиот период, беа одржани состаноци помеѓу партнерите на кои се дефинираа идните чекори при спроведување на активностите што ќе придонесат кон успешна имплементација и остварување на резултатите. 

Времетраењето на проектот е 18 месеци, и ќе опфати 1000 млади како дирекни корисници на проектните активности.