Winter Apricots – Викенд на кратки филмови од Чешка на 26 и 27 мај

Овој викенд на 26ти (петок) и 27ми (сабота) мај во киното „Мис Стон“ – Прилеп, ќе се одржи петтиот по ред викенд на кратки филмови од фестивалот и 12 месечниот проект Winter Apricots. Овој викенд ќе ја опфати културата, боите и кинематографијата на Република Чешка во дводневен настан со почеток од 20:30 часот.
За повеќе информации околу досегашните активности на Winter Apricots можете да ја посетите Facebook страницата на: www.facebook.com/winterapricotsfestival